Македонија

Муцунски: Проширувањето е императив и за ЕУ и за земјите кандидати

Западен Балкан не смее да биде сива зона на Европа, а државите од Западен Балкан треба да имаат јасен и кредибилен пат кон членство,.порача шефот на македонската дипломатија

 

 

Македонија  постигна конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци., изјави министерот Тимчо Муцунски  пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ со кој претседава Каја Калас, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика истакна дека

Тој нагласи и дека агендата е 100% усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што истакна, ја потврдува не само посветеноста на реформите, туку и јасната стратешка ориентација кон членство во Унијата.

„Нашата порака до земјите членки е повеќеслојна: Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми, но и да се засили ангажманот за прашања кои одат и пошироко од самиот процес на проширување, особено во областите на безбедноста и одбраната, економијата и трговијата, енергетската безбедност, безбедноста на храната и дигитализацијата“,  истакна Муцунски.

На Советот било истакнатно натамошното јакнење на соработката на Западен Балкан со ЕУ во надворешната политика, руската агресија врз Украина, како и пошироките регионални последици од актуелните глобални случувања.

Во обраќање, министерот Муцунски ја истакна силната определба на државата да биде доверлив партнер на ЕУ во справувањето со актуелните геополитички предизвици.

„Посебен фокус во дискусиите беше ставен и на процесот на проширување на Европската Унија во актуелниот геополитички контекст, при што беше нагласено дека проширувањето претставува стратешка инвестиција за долгорочната стабилност и безбедност на регионот и Европа“, информира МНР и НТ.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top