Македонија

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ на Плоштад Македонија

настанот ќе почне во 20 часот и преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении

На Плоштад Македонија во Скопје вечерва ќе се одржи мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, кој го заокружува своето патување низ државата со настап на повеќе од 120 артисти.

Настанот ќе почне во 20 часот и преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Караванот „Силно светнал ден“ стартуваше од Охрид на 9 август и досега посети 11 градови низ земјата. Во неговата реализација учествуваат познати македонски музички изведувачи и актери.

Прославата по повод 35-годишнината од независноста ќе кулминира на 8 Септември, Денот на независноста, со концерт на светски познатиот диџеј и продуцент на хаус музика Давид Гета на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Според најавите, Гета ќе настапи со продукцијата „The Monolith Stadium Show“.

Музичката програма во чест на 35 години независност на Македонија е подготвена од „Авалон продукција“ во соработка со Владата.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top