Македонија

На 11-тата Дедомразовска трка во Скопје над 800 натпреварувачи од цела Македонија: од 73-годишник до едногогодишни деца со родителите!

Скопје денес „потона“ во „црвен океан“ од дедомразовски костуми со „бранови“ од ведро предновогодишно расположение.

На плоштадот Македонија денес се одржа 11. издание на Дедомразовската трка 2025, традиционалната новогодишна улична трка во Скопје, која повторно го претвори центарот на градот во „црвен океан“ од дедомразовски костуми со „бранови“ од ведро предновогодишно расположение.

Оваа година во трката учествуваа рекорден број од над 800 натпреварувачи од цела Македонија. Најстариот учесник имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, кои заедно со своите родители се вклучија во веселата предновогодишна атмосфера.


Стартот и целта вообичаено беа поставени на Плоштадот Македонија: патеката од околу 2 километра се протегаше низ центарот на Скопје. Трчаа професионалци, почетници, а на прошетка дојдоа и голем број граѓани. 

Оваа Дедомразовска трка од година во година привлекува сè поголем интерес и таа овојпат го задржа својот белег: многу насмевки и забава, пријателски дружења и фотографии.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top