Македонија

На 40 степени без вода: Жители на неколку скопски општини се тушираат и перат по комшии

Во скопските населби Црниче, Пржино и делови од Водно, жителите се соочуваат со сериозни проблеми со водоснабдувањето веќе неколку недели, а револтот меѓу нив продолжува да расте. Многу од нив се принудени да се справуваат со рестрикции и намален притисок на водата, што дополнително ја отежнува секојдневната рутина. Маја С., жителка на Црниче, изјавува дека […]

Во скопските населби Црниче, Пржино и делови од Водно, жителите се соочуваат со сериозни проблеми со водоснабдувањето веќе неколку недели, а револтот меѓу нив продолжува да расте. Многу од нив се принудени да се справуваат со рестрикции и намален притисок на водата, што дополнително ја отежнува секојдневната рутина.

Маја С., жителка на Црниче, изјавува дека секое утро станува во 5 часот за да провери дали има вода, со цел да се истушира пред работа.

– Секој ден е исто – станувам, нема вода, па се нервирам. Одам кај сестра ми или брат ми, а за милениците морам да полнам туби од работа – објаснува таа.

Слична е ситуацијата и со Нена С., пензионерка од истата населба, која вели дека цел ден мора да крева шишиња со вода за да подготви ручек, да се измие или да ги наводни цвеќата.

Според ЈП „Водовод и канализација“, проблемите се должат на неконтролирана и енормна потрошувачка на вода, која предизвикува нестабилност на водоводниот систем, особено во повисоките делови на градот. Проблемите се дополнително влошуваат со појавата на дефекти на водоводната мрежа, кои не се санираат навреме, па често се случува вода да тече низ улиците и тротоарите.

– Градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со периодични прекини на водоснабдувањето во делови од градот. Очекуваме стабилизирање на системот по 23:00 часот – велат од ЈП „Водовод и канализација“ и апелираат за рационална потрошувачка на вода.

Од претпријатието истакнуваат дека голем дел од проблемите произлегуваат од големите загуби на вода, кои достигнуваат и до 70%. Тие повикуваат на соработка од страна на граѓаните и локалните власти.

Не заостануваат и политичките обвинувања. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија градоначалничката Данела Арсовска дека „се занимава со висока политика“, додека половина Скопје не може да добие вода.

Од друга страна, градоначалничката Арсовска тврди дека проблемот не е во водата, туку во „дивите приклучоци“ во Шуто Оризари, каде, како што вели, биле фатени и полициски службеници, но дека МВР не поднело пријава за овој случај.

– Проблемот не е водата. Проблем се оние кои ја крадат и институциите кои ги штитат – порача таа.

Во меѓувреме, градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека Владата издвојила повеќе од 110 милиони денари за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во селата Љубанци и Љуботен.

Извор: Скопје 1

Најнови вести од: Македонија

Заменик директорот на НП Македонски шуми донираше 200 липи за роденденот на градоначалникот на Делчево: Јас ги плаќам

Ајде да започнеме да градиме свест, а врз таа свест систем во кој ние, сите оние кои можат, место за својот џеб ќе поработиме повеќе за општото добро на нашите сограѓани

Се евакуираат Македонци од Обединетите Арапски Емирати

Според податоците на МНР до скоро 473 македонски државјани побарале помош или информации преку претставништвата во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин. Има дел македонски државјани кои се двоумат дали да се вратат.

To top