Македонија

На ,,бугарскиот адвокат” не му треба ВМРО-ДПМНЕ за референдум за Бугари во Устав (ВИДЕО)

Законот е јасен, се зависи дали ,,Бугарскиот адвокат” и ДУИ имаат самодоверба и капацитет

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски му упати предизвик на лидерот на СДСМ Венко Филипче.

На вестите на Сител Милошоски нарекувајќи го Филипче ,,Бугарски адвокат” му порача дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја поларизира јавноста како во случајот со референдумот за името во 2018 година и тоа за тема која е од интерес на Софија.

Милошоски сугерира ако во СДСМ имаат самодоверба заедно со ДУИ сами да предизвикаат референдум.

,,Доколку на Филипче, како адвокат на официјална Софија, приоритет му е да се организира референдум за барањето на Бугарија за смена на Уставот, тогаш има две алатки за да покрене иницијатива :

1. Собирање на 150.000 граѓански потписи за референдум и
2. Иницијатива на 30 пратеници (СДСМ + ДУИ)”, објасни Милошоски цитирајќи го
членот 20 од Законот за референдум кој дава објаанување како се прави тоа:

(1) Референдум на државно ниво распишува Собранието на Република Македонија.
(2) Собранието распишува референдум на државно ниво по сопствена иницијатива и по предлог на најмалку 150.000 граѓани.

СДСМ и ДУИ на изборите во 2024 година заедно добија 37 пратеници.

Најнови вести од: Македонија

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

To top