Македонија

На мобилен месечно се зборува по 226,57 минути

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) заклучно со март годинава имале 1.588.395 претплатници

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во однос на последниот квартал лани, а зголемен од 0,62 проценти во однос на истиот квартал од претходната година. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа
(2G/3G/4G) заклучно со март годинава имале 1.588.395 претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации.

Во уделот по број на активни претплатници, заклучно со 31 март година, А1 Македонија учествува со 47,69 проценти, Македонски Телеком со 46,66 проценти, МТЕЛ има пазарен удел од 3,83 проценти, Телекабел од 1,34 проценти, Мтелмобајл од 0,38 проценти, Греен Мобиле од 0,10 проценти.  За период од четири квартали Македонски Телеком бележи раст од 0,09 процентуални поени, А1 Македонија пад од 0,21 процентуален поен,  Телекабел раст од 0,05 процентуални поени, МТЕЛ бележи раст од 2,75 процентуални поени, а  Греен Мобиле не забележува промена.

Најголем пазарен удел според приходи има Македонски Телеком со 49,77 проценти, додека А1 Македонија има пазарен удел од 47,71 процент, МТЕЛ од 1,34 проценти, Телекабел од 0,81 процент, Мтелмобајл од 0,25 проценти, а Греен Мобиле од 0,12 проценти.

Во првиот квартал од 2025 година претплатниците просечно зборувале 226,57 минути во еден месец и иницирале 101,55 повици.

Кај вкупно реализираниот сообраќај во минути има пад од 5,57 проценти во однос на минатиот квартал и пад од 3,13 проценти во однос на првиот квартал од 2024 година.

Регистрирано е намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос на четвртиот квартал од 2024 година од 12,56 проценти. Кај вкупниот број на испратени ММС пораки во првиот квартал од 2025 година има раст од 1,99 проценти во однос на претходниот квартал и пад од 1,36 проценти споредено со првиот квартал од 2024 година.

Во фиксната телефонија, пак, во првиот квартал од 2025 година претплатниците просечно иницирале 4,90 повици месечно,  а зборувале 11,18 минути.

На пазарот на пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација бројот на фиксни линии (сите технологии) во првиот квартал од 2025 година е намален за 0,04 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2024 година додека пак споредено со првиот квартал од 2024 година  е зголемен за 1,69 проценти. Целокупниот обем на сообраќај на овој пазар во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал од претходната година бележи пад од 17,63 проценти, додека во однос на четвртиот квартал од 2024 година  има пад од 6,67 проценти.

Бројот на претплатници на пристап до интернет со широк опсег во првите три месеци од годинава изнесува 547.513 со раст од 0,17 проценти во однос на четвртиот квартал лани, односно 2,27 проценти споредено со првиот квартал лани.

Во уделот на претплатници на пристап до интернет по технологии во првиот квартал од 2025 година, најголем процент, 38,15, се тие со пристап до интернет преку јавна оптичка мрежа, по што следуваат тие со пристап до интернет преку јавна CaTV мрежа нивниот удел, 22 проценти, преку јавна комуникациска мрежа xDSL, 17,82 проценти, LAN мрежа, 4,02 проценти, јавна радиокомуникациска мрежа (не се вклучени претплатници преку мобилни мрежи) 1,29 проценти и изнајмени линии 0,36 проценти.

Индикаторите за пренос на радио и ТВ сервиси до крајни корисници, пак, покажуваат дека заклучно со првиот квартал годинава во државава имало 183.133 претлатници на кабелска телевизија, за 1,73 проценти помалку во однос на претходниот квартал, додека споредено со првиот квартал од минатата година има намалување за 7,07 проценти. Вкупниот број на претплатници на ТВ-услуги  изнесува 439.061, на IPTV 181.915, на DVB-T, 38.465, а  на сателитска телевизија 35.548.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

Димитриевски: „Да“ за Европа, но европски пат со заштита за македонскиот идентитет и без отстапки кон Бугарија!

Лидерот на ЗНАМ предлага парламент со 90 пратеници како дел од пошироки изборни реформи. Истовремено бара заштита на македонскиот идентитет и европски пат без отстапки кон Бугарија.

ТВ Алфа: ДУИ е како расипана плоча – национализмот и повторното разгорување меѓуетнички тензии им е последното прибежиште!

„ДУИ е како расипана плоча, на која е снимен само национализам и обид за разгорување на меѓуетнички тензии. Повторно исти закани, сега поради одлуката на Уставниот суд, дека законските измени за Сејф сити биле уставни. Првиот уставен судија Дарко Костадиновски во своето образложение кажа дека СМС- пораките од системот Безбеден град, треба да испраќаат само на македонски јазик, додека можат и на англиски за странци кои ќе сторат прекршок, но не и на албански.“ – објави ТВ Алфа.

Мицкоски: Ние сме Влада, избрана од народот, и се однесуваме во корист на граѓаните – нафтените деривати поефтинуваат денес за околу 2,5 денари!

За околу 2,5 денари по литар се очекува да бидат намалени цените на нафтените деривати во земјата, откако Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини договорија попуст со најголемиот снабдувач, компанијата ОКТА, информира денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Лишен од слобода М.Р. (18), кој испраќаше закани дека ќе постави бомби и ќе убива во средното медицинско училиште во Тетово!

Вчеравечер, на 12 март 2026 во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, оти М.Р. праќал пораки до учениците, заканувајќи се дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.

To top