Македонија

На паркинг на булеварот „АСНОМ“ во Скопје, оштетени 34 возила!

Не едно, не неколку, туку рамно 34 возила се оштетени на паркингот на булеварот „АСНОМ“ (од Ново Лисиче кон населба Аеродром) – некој решил да се „забавува“, или за што станува збор?! Екипа од СВР Скопје извршила увид, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.

„Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 23 часот на 27 декември до 9 часот на 28 декември 2025 година на паркинг-просторот на булеварот ‘АСНОМ’ во Скопје е извршено извршено оштетување на 34 патнички возила со вкупна материјална штета од околу 11 илјади евра.“ – се наведува во информацијата од МВР.


Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top