Македонија

На пеколна температура нема автобуси – приватниците наместо на улица, во гаража

Приватните автобуски превозници во скопскиот јавен превоз „Јофи Бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“ од денеска целосно го запреа превозот на патници со образложение дека ЈСП 6 месеци не им ги исплатил парите иако дел од нив Град Скопје веќе префрлил на сметката. Јавното сообраќајно претпријатие им должи 150 милиони денари (2,44 милиони евра) од […]

Приватните автобуски превозници во скопскиот јавен превоз „Јофи Бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“ од денеска целосно го запреа превозот на патници со образложение дека ЈСП 6 месеци не им ги исплатил парите иако дел од нив Град Скопје веќе префрлил на сметката. Јавното сообраќајно претпријатие им должи 150 милиони денари (2,44 милиони евра) од јануари.

  • Немаме услови да продолжиме да ги одржуваме линиите. Треба да ставиме гориво во автобусите и да исплатиме плати, а од јануари не ни се исплатени парите од страна на ЈСП. Што сакаат да постигнат и ние не знаеме – вели за Плусинфо еден од директорите на трите компании кои го вршат превозот.

Тој додава дека Град Скопје само во мај префрлил 103 милиони денари (1,67 милиони евра) на сметката, но дека ЈСП не ги исплаќа обврските кон нив.

  • Тоа може да се види и од порталот „Отворени финансии“.  Иако се само дел од долгот да ги имаме на нашите сметки ќе може да продолжиме да работиме, но од непознати причини ЈСП не ни ги префрла и овие пари – додава тој.

Приватните превозници очекуваат Град Скопје наскоро да објави нов повик за нив, бидејќи претходниот кој беше во траење од 2 години истече на крајот на мај.

  • Сѐ додека се објави новиот повик, според договорот ние треба да продолжиме да возиме, но ако нема пари, не знаеме како тоа ќе го правиме – велат тие.

Приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 автобуси.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови во висина од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност

Дајмонд Мол освои две европски награди на Unicorn Awards 2026, едно од водечките европски натпреварувања во индустријата за настани и маркетинг, кое на 7 и 8 септември се одржа во Љубљана, Словенија. Проектот на Дајмонд Мол „Две години сјај – на хуманоста и нема крај“ ја освои првата награда од жирито за најдобар проект во категоријата „Проекти од општествена одговорност“, како и специјалната награда од жирито и публиката.

To top