Македонија

На секои 1,5 вработени доаѓа по еден пензионер

Не можеме да дозволиме наши граѓани да останат без примања во пензионерските денови

 

Ова синоќа во Кочани го изјави заменик минстерот за труд, социјалана политика и млади, Ѓоко Велковски, на трибината насловена „Граѓаните во центарот на промените – работиме за подобар живот на сите, со фокус на пензионерите“, одговарајќи на прашање од граѓаните дали се планира во септември ново линеарно зголемување на пензиите.

Како што објасни, промените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување не можат да бидат ад – хок решение. Она што го направивме во првите девет месеци со линеарното покачувањето од пет илјади денари, беше со цел да се подобри состојбата на сите пензионери. Треба да се промени цел еден систем, бидејќи во моментот односот вработени – пензионери веќе не е 2:1, туку е 1:1, 5, дури ни толку.

Не можеме да си играме со пензискиот систем, рече Велковски.

Според заменик минстерот формирано е владино тело од стручни лица кои работат токму на промените во пензискиот систем.

„Не може ден за ден да се решава, не можеме сега, во јули, набрзина да донесеме одлука што да се прави во септември, па да направиме штета на голем дел од вас. Сепак, односот помеѓу најниската и највисоката пензија веќе не 1:7, туку е 1:4 откако го реализиравме претходно ветеното линеарно покачување од 5 000 денари“, додаде Велковски.

На трибината беше даден предлог од учесник во дискусијата да се размисли за процентуално и скалесто покачување на пензиите, повисоките пензии да бидат зголемени со помал, а пониските со поголем процент, при што Велковски го поддржа предлогот.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top