Македонија

НАИ на ДУИ и Ахмети „ги осудува бројните нерегуларности за време на изборната кампања за време на вториот круг од локалните избори“.

Веќе видена пракса е дека во во мигови на изборни порази секој се обидува да се „покрие“ со противнапади за наводни „нерегуларности“ и со обиди за намалување на победата на противникот…

Портпаролот на Алијансата за национална интеграција (НАИ), Арбер Адеми, на прес-конференцијата одржана во вечерва во 19 часот во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Тетово, ги осуди „бројните нерегуларности за време на изборната кампања за време на вториот круг од локалните избори“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

„Видовме масовно купување гласови, изборно асфалтирање, бетонирање ноќе, користење јавни ресурси и брутална државна интервенција во корист на владата.“ – ова тврдење го наведе Адеми.

Тој додаде дека „овие појави сериозно им наштетуваат на демократскиот процес и довербата на граѓаните во институциите на земјата.“

Адеми им се заблагодари на граѓаните за „нивното учество и на дијаспората за нивната континуирана поддршка за демократските процеси во земјата“.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top