Македонија

Најава за нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Температурите во Македонија ќе се движат до 14 Целзиусови степени наутро, а во текот на денот ќе достигнат до 23 степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска прогнозира нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 л/м²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 км/ч) и услови за појава на град.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите наутро од 7 до 14 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени, а преку денот ќе се искачи до 22 степени.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top