Македонија

Најчевска: Како да градиме правна држава кога идоли ни се криминалци?

Основното јавно обвинителство сè уште не соопштило дали против него ќе поднесе обвинителен акт. Истрагата е во тек.

Професорката по право Мирјана Најчевска остро реагираше на јавната поддршка и прославата на 49. роденденот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој роденденот го одбележа во куќен притвор.

Во објава на социјалните мрежи, Најчевска го коментираше транспарентот поставен на плоштадот „Скендербег“ со пораките „Среќен роденден кралу“ и „Кралот е назад“, како и масовните честитки од неговите поддржувачи.

„Како да изградиме правна држава кога на мнозинството граѓани независно од етничката припадност идоли им се криминалци? Тие не сакаат право. Сакаат држава во која ќе бидат криминалци кои не се казнуваат. Тоа е врвот“, напиша Најчевска.

Груби е осомничен во случајот „Државна лотарија“ за проневера од 8,2 милиони евра. По 14 месеци поминати во Косово, тој се врати во земјава, беше приведен и кратко време помина во затворот „Скопје“ во Шутка, по што му беше определена мерка куќен притвор.

Основното јавно обвинителство сè уште не соопштило дали против него ќе поднесе обвинителен акт. Истрагата е во тек.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top