Македонија

Најчевска: „Мафијашката организација, регистрирана како ДУИ, поттикнува етничко нетрпение“

„Би сакала да слушнам каде тоа се нарушува принципот на правична и соодветна застапеност“, реагира професоркјата Мирјана Најчевска на тврдењето на партијата на интегративците на АЛИ Ахмети дека
во Македонија се спроведува антиалбанска стратегија

„Со вакви паушални изјави мафијашката организација регистрирана како политичка партија со име ДУИ поттикнува етничко нетрпение на бранот на кое ја гради основата за свое евентуално повторно освојување на власта“, напиша таа.
„Според мафијашката организација регистрирана како политичка партија со назив ДУИ во Македонија се спроведува антиалбанска стратегија на повеќе нивоа:
• преку игнорирање на политичкиот легитимитет на Албанците,
Бидејки на територијата на Македонија има политички партии во кои членуваат мнозинство етнички Албанци и на сите нивоа на власта има на раководни позиции етнички Албанци не знам што подразбираат под политички легитемитет на Албанците.
• преку непочитување на принципот на Бадентер,
Бадентер се применува специфично во конкретни области и за конкретна содржина поврзана со културата и идентитетот на конкретна етничка заедница, а не е општ принцип за донесување на сите решенија, така што не сум сигурна на кој начин и кога е прекршен.

 

• преку укинување на балансерот,

Балансерот е препознаен од меѓународната заедница како несоодветен, спротивен на мерит системот и лесен за злоупотреба од страна на политичките партии за партизација на сите сфери на администрацијата, така што неговото укинување е позитивен чекор во насока на професионализација на администрацијата.

– и преку целосно прекршување на правичната и соодветна застапеност во државните и јавните институции.
„Би сакала да слушнам каде тоа се нарушува принципот на правична и соодветна застапеност.
Во секој случај правичната и соодветна застапеност се дел од афирмативните мерки кои во одреден момент треба да престанат да постојат и секако не смеат да бидат употребени на начин кој ја негира стручноста и професионалноста“, пишува Најчевска во објава на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top