Македонија

Најчевска: Не е важен криминалот ако криминалците зборуваат на својот мајчин јазик

Ова го сакаа етничките Албанци во Македонија? Да бидат темел на корумпиран и партизиран правосуден систем во кој нема да бидат процесирани криминалците, прашува професорката

Професорката Мирјана Најчевска со остра реакција по ослободителната пресуда за докторот анестезиолог Ваљтон Дервиши кој незаконски снимаше и емитуваше пациенти и колеги во живо на „Тик Ток“, и кој со нова судска пресуда и со пет пати помала казна, се враќа на работа во Клиничката тетовска болница.

Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата на 7 години како што одлучи претходно.

„Ова го сакаа етничките Албанци во Македонија?
Да бидат темел на корумпиран и партизиран правосуден систем во кој нема да бидат процесирани криминалците?
Сакаат некој криминоген лик да им ги слика жените и мајките и ќерките при гинеколошки преглед и да ги става на интернет?
Тоа беше борбата?
Или не е важен криминалот ако криминалците зборуваат на својот мајчин јазик?
Тогаш се помалку криминалци?„ објави Најчевска на ненјзиниот Фејсбук профил.

Пред три години анестезиологот Ваљтон Дервиши од тетовската болница беше уапсен со лисици, осуден од јавноста и претставен како редок пример дека институциите конечно реагираат кога лекар ќе ја злоупотреби довербата на пациентите.

Докторот не само што незаконски снимал пациентки и колешки на гинекологија, туку дел од снимките ги емитувал во живо на својот профил на „Тик-Tок“.

Тогашниот директор на болницата го пријавил случајот во полиција, по што Дервиши веднаш беше приведен и му беше одреден притвор.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top