Македонија

Наместо во две смени, можно ли е учениците да одат само една смена?!

Во Македонија и натаму 245 училишта работат во две смени, но владините планови се амбициозни – сите основни училишта да преминат на едносменска настава. За таа цел, потребни се околу 300 нови училници, објави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска за време на посетата на подрачниот објект на ООУ „Ванчо Прке“ во штипското […]

Во Македонија и натаму 245 училишта работат во две смени, но владините планови се амбициозни – сите основни училишта да преминат на едносменска настава. За таа цел, потребни се околу 300 нови училници, објави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска за време на посетата на подрачниот објект на ООУ „Ванчо Прке“ во штипското Ново Село.

Правиме детална анализа за да утврдиме каде се потребни доградби, преадаптации на постојни простории или изградба на сосема нови објекти – истакна Јаневска.

Процесот ќе бара значителни финансиски средства и време, но министерката увери дека во текот на следните неколку години целта ќе биде остварена. Иако основните училишта се под надлежност на општините, Јаневска нагласи дека Владата и Министерството за образование ќе обезбедат силна поддршка во реализацијата на оваа голема реформа.

Веќе 150 училишта работат едносменски, а целта е сите да го постигнат тоа – рече министерката.

Според неа, преминот на едносменска работа носи бројни придобивки:

– Учениците ќе поминуваат повеќе време во училиштата, намалувајќи го заостанувањето од околу 900 наставни часови споредено со нивните европски врсници.

– Ќе се поттикне социјализацијата и подобрување на знаењето.

– Ќе се искористат вишокот наставен кадар за дополнителни активности со учениците.

– Ќе се намалат тековните трошоци за одржување на училиштата, а заштедите ќе може да се вложат во други корисни проекти. Јаневска потенцираше и на важноста на одговорното користење на училишните ресурси, алудирајќи на неодамнешен скандал во Струмица каде директор дозволил партиски состаноци во училишни простории. Mинистерката Јаневска рече дека средните училишта од Штип веќе знаат каде матурантите ќе ја полагаат државната матура, односно во кои простории и амфитеатри на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Кампус 4 е определен за регионалниот центар и Гиманзијата и во Кампус 2 се останатите училишта. Сите училишта од Штип, кои кажале дека имале потреба од соодветен простор ќе полгаат во амфитеатрите на УГД, затоа што исто така му благодарам на ректорот за разбирањето и на деканите се разбира за разбирањето на оваа потреба – вели Јаневска.

Министерката за образование и наука додаде дека во моментов се обезбедуваат условите за полагање, бидејќи меѓу матурантите треба да има растојание од метар и половина.

Во Штип, Битола и во Скопје ќе ги користиме универзитетите. Материјалите се во подготовка, мобилни телефони нема да се употребуваат, односно тестаторите ќе бидат задолжени да спроведат учениците да си ги остават мобилните телефони на соодветно место во просторијата, каде што ќе се полага – изјави Јаневска.

Таа повика на свесност кај учениците, родителите и наставниците и да не се дозволи препишување на државната матура, бидејќи се прави штета, а не добро.

Нашето образование е на ниско ниво, па и со лош квалитет и ние тоа треба да го подобриме. Иднината на Македонија е во умните глави, кои ги има, само треба да ги мотивираме да почнат што е можно повеќе да работат на себе. Затоа што утре нивната иднина зависи од нив самите – вели Јаневска.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

Премиерот знаел дека опозициски партии ќе почнат хибриден напад за кревање хистерија

Премиерот посочи дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните

To top