Македонија

Насилник од Скопје со двајца „помошници“ отишол да ја тепа бившата девојка

Интервентната полиција ги уапсила тројцата „тепачи“ кога дошле во Скопје, по што ги испратила назад во Велес, но во полициска станица

Уште еден брутален случај на насилство се случил во Велес, кога тројца насилници од Скопје рано наутро во понеделникот упаднале во домот на поранешната девојка на едниот од нив.

Тој и неговите двајца “помошници“ ја нападнале девојката и нејзиниот сегашен партнер.

Двајцата помошници му се нафрлиле и на новото момче со електрошок и со тврд предмет, информира МВР.

Интервентната полиција ги уапсила тројцата „тепачи“ кога дошле во Скопје, по што ги испратила назад во Велес, но во полициска станица.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top