Македонија

Наспроти градоначалникот, кој го обвини за трагедијата, родителите на загинатите со последен човечки поздрав до Панчо

Семејствата со христијанска и помирлива порака, ВД градоначалникот бараше да му се суди иако Панчо беше во критична состојба

Наспроти ВД градоначалникот на Кочани Венко Крстевски кој два дена пред смртта на Панчо кој беше во критична ситуација, го обвини за трагедијата, родителите и семејствата на загинатите во Пулс со последен човечки поздрав до Панчо.

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во „Пулс“ во Кочани, на својата група на Фејсбук, упати емотивна порака по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, деветтиот член на групата ДНК кој го загуби животот по трагедијата.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев Панчо, Бог да Ви дава сила
Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Млад човек, со сонувања, со музика и со енергија што допираше срца, сега замина предвреме, оставувајќи празнина која не може да се пополни.
Како родители кои ја почувствувавме најголемата болка од губење на нашите деца, ја знаеме бездната на тага што останува зад себе. Вашата болка е наша болка. Вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој нем збор, секој празен момент што го остава оваа трагедија
Ова не е само број – ова е живот одземен, живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени, директно или индиректно? Колку уште семејства ќе бидат погодени од оваа ужасна трагедија? Правдата мора да се извојува! За Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен, за секој родител што плаче.
Почивај во мир, Панчо Нека ти е светол патот до Царството Небесно
Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели дека засекогаш ќе останат во нашите срца А ние нема да молчиме – правдата мора да дојде!!!“”, стои во последната порака од родителите и семејствата на починатите до Панчо.

А во моментите додека Панчо се борел за живот ВД градоначалникот бараше тој да седне на обвинителна клупа како главен виновник за трагедијата.

ВД градоначалникот досега не упатил порака за смртта на Панчо

Повеќе за обвинувањето кон Панчо на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Повторно блокиран граничниот премини „Евзони“, македонските транспортни компании трпат загуби

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

To top