Македонија

Наставнички од Кавадарци на колешка ѝ влегле во профилот, добија кривична од МВР

И влегле на колешката во профил па и ги снимиле приватните преписки

Полицијата поднесе кривични пријави за две вработени во училиште во Кавадарци под сомнеж за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, потврди Секторот за внатрешни работи Велес.

ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднело кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.

„Имено, В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 04.09.2025, во една од училниците, на службен лап топ компјутер го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и неовластено фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на М.Т., директорка на училиштето.

Исто така, В.Т. успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05.09.2025 и 07.09.2025, повторно неовластено фотографирала лични пораки и ги дала на М.Т., која пак ги праќала на други колеги.

На 19.09.2025, на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, М.Т. и се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испратела до други колеги“, појаснија од СВР Велес.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

To top