Македонија

Не се појави една од обвинетите поради здравствени причини

На обвинителна клупа денеска седнаа првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски.

Поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевскам судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, денеска беше одложен за 5 септември

На обвинителна клупа денеска седнаа првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски.

Бранителот на Пешевска, адвокат Јовица Страшевски до Судот достави медицинска документација од 10 јули и барање за одлагање на денешното рочиште.

Судијката Снежана Марковска, која го води случајот, го прифати барањето за одлагање на денешното рочиште поради отсуството на второобвинетата, а со цел, како што наведе и Судот да се запозна со барањата на одбраната за отфрлање на дел од доказите, прибавени од Обвинителството.

Според обвинението, првообвинетиот, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни.

Во обвинителниот акт пишува дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите.

Во дел од случаите ова му било овозможено од второобвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија.

Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело несовесно лекување болни, сторено како продолжено кривично дело.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top