Македонија

Неконтролирано се троши вода – вчера 360.000 кубни метри

Дивите приклучоци се клучна причина за загубите на вода во главниот град што достигнуваат и до 65 отсто

 

Во текот на вчерашниот ден потрошувачката на вода во Скопје изнесувала околу 360 000 кубни метри на дневно ниво, што укажува на неконтролирано трошење, нешто што, пак, го оптоварува системот за водоснабдување.

Поради ваквата состојба, градскиот водоводен систем работи со намален притисок, а во одредени делови на главниот град повремено се јавуваат прекини во водоснабдувањето.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ја користат водата за пиење рационално и совесно –  да се избегнува нејзино користење за полевање градини, миење автомобили, полнење базени и слично. .

„Скопје се снабдува со вода од природен извор со ограничена количина и непроценлива вредност. Потребно е сите граѓани да покажат одговорност“, велат од скопски „Водовод“

Од Јавното претпријатие укажуваат и на проблемот со диви приклучоци, кои според нив, се клучна причина за загубите на вода што достигнуваат и до 65 отсто.

Се работи за нелегални приклучувања на објекти кои ја користат питката вода за технички потреби, особено за наводнување земјоделски површини.

Дополнително, порачуваат дека секој нелегален приклучок директно го нарушува квалитетот и континуитетот на водоснабдувањето за сите домаќинства во Скопје.

„Загубите не се резултат на дефекти, туку главно на кражби. Апелираме до надлежните институции конечно да преземат мерки“, велат од „Водовод“

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top