Македонија

Нема веќе „клати врата, земај плата“ во Кавадарци

Градоначалникот најавува проветрување на администрацијата

Преку коректно професионално однесување и со адекватно знаење за работната позиција на општинските службеници, општина Кавадарци ќе обезбедува поквалитетни услуги за граѓаните. „Држењето“ работни места по партиски, роднински или етнички клуч, заминува во историјата. Градоначалникот Митко Јанчев најавува „проветрување“ на локалната администрација преку посебен мерит-систем кој ги опфаќа сите административци. Веќе е формиран и тим кој работи на анализата и продуктивноста на секој вработен – од почитувањето на кодексот и колективниот договор до неговото однесување, облекување и продуктивноста на работното место.

„Со тоа ќе се оценуваат административните државни службеници, и врз основа на таа оценка, мислам дека 5 проценти од вкупниот број на вработени, можат да добијат и награда. Трипати лоша оценка во годината, значи отпуштање од работа. Немаше храброст досега на никој да му се стави лоша оценка затоа што се очекуваше дека ќе се подобри. Е сега, тоа го најавив дека се’ ќе си биде транспарентно и објективно, и ако некој сам од себе не се срами, јас немам потреба да се срамам за некој друг“, – дециден е Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Особено внимание ќе се посветува и на меѓучовечките односи во колективот, кои често, кога се нарушени, создаваат директни реперкусии врз квалитетот и имиџот на институцијата. А ќе се оценува и односот на службениците кон граѓаните и клиентите. Тој мора да биде или санкциониран, или награден, јавно и транспарентно, без никаква политичка, национална, роднинска или друга заднина, уверува Јанчев.

„Односот на јавната администрација кон граѓаните и кон нашите клиенти, треба да биде на ниво. Не може да биде арогантен, не смее да биде дрзок, без разлика од другата страна граѓанинот на кој начин се обратил“ – категоричен е градоначалникот Јанчев.

Вакви нови мерки за оценување на работата на службениците од јавната локална администрација неодамна најави и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Тој на последната седница на општинскиот Совет кажа дека периодот на хибернација и неработење е завршен и дека сега секој административец ќе треба да си го заслужи своето работно место согласно правилниците за работа.

извор: Алфа тв

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top