Македонија

Нема веќе „пиши-бриши” оценки во Е-дневникот

МОН

Нема веќе бришење и поправење на оценки од страна на наставниците, ниту пак директорите на училиштата ќе може да интервенираат во графите на електронскиот дневник.

Вакви измени електронскиот дневник  веќе не дозволува, кажа денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која одговараше на новинарско прашање за реакциите за фукционалноста на е дневникот, како и за забелешките за учебници кои се оштетени.

– Е-дневникот е работен како проект на Европската унија и е надграден и осовремен, она што сакам децидно да го кажам е дека нема веќе бришење, допишување или препишување на оценки. Нема повеќе препишување на наставни планови и програми. Точно е тоа дека е-дневникот веќе не го дозволува тоа. Нема бришење на оценка двојка, преправање во петка. Тоа ќе може само администраторот во МОН да го направи. Доколку има сериозно објаснување за таквото нешто, дека згрешил наставникот и да интервенира во најкус можен рок – изјави Јаневска.

Таа додаде дека  нема повеќе директорите да интервенираат во графите, ниту ќе може еден предметен наставник да ги гледа оценките на другите предметни наставници.

Министерката за образование, Јаневска истакна дека наставниците имаат обука за користење на електронскиот дневник, но доколку се потребни дополнителни ќе бидат организирани. Направени се и видео упатства, како да се користи, со цел полесно да се користи системот.

Што се однесува за поплаките за квалитетот или да недостасуваат страници во учебниците, Јаневска вели дека од прво до трето одделение немаат никакви поплаки. Во четврто одделение навистина има проблем со учебникот по Математика, за што министерството за образование и наука ќе се обиде да го реши, колкушто може да им дозволи законот.

– Во петто одделение имаат нов учебник по Историја и општество, во шесто одделение имаат нов учебник по Историја , седмо одделение цела генерација добиваат комплетно нови учебници по сите предмети. Осмо одделение предизвик е учебникот по Историја. Учебникот по Историја одборен од минатите Влади е повлечен 2018-2019 година од МНР поради барањето на мешовитата Комисија бугарско-македонска. Зошто пет години, никој од претходните министри не превзеле нешто, во правец за учебникот за осмо одделение не можам да кажам, ќе мора да ги прашате нив – вели Јаневска.

Таа образложи и зошто годинава за цела генерација не е печатен нов учебник по Историја, причината е што во рок од 12 до 14 дена ќе биде објавен Конкурсот за новите наставни Програми за осмо одделение. Тоа значи наредната генерација ќе има комплетно нова наставна Програма и комплетно нови учебници, вклучувајќи и нов учебник по Историја.

– Сметам дека непотребно трошење на буџетски пари е да правевме по старата Програма учебник за осмо одделение, кога ние за две недели ќе имаме нова Програма и нов учебник за осмо одделение. Дополнително, тој учебник, кој наведно се дели по училиштата не е одобрен учебник – вели Јаневска.

Што се однесува за поплаките од страна на родителите и учениците за учебниците во кои недостасуваат страни, Јаневски со одговор дека учебниците согласно Закон се обновуваат на секои пет години. Досега не било пракса, но какошто рече таа сега ќе се спроведува законот. Забележа дека учениците мора да ги чуваат учебниците, да не се кинат страниците, кориците, а наставниците мора да ги научат дека треба да се чуваат учебниците.

Секако учебник може да биде оштетен. Затоа сме предвиделе училишна Комисија, која ќе направи прием на учебник и ќе утврди, дали е тој оштетен. Доколку учебникот е оштетен, како поминуваат годините, така расте цената, која поради оштетувањето родителот треба да ја компензира за ем да ги научиме учениците дека треба да ја почитуваат книгата, ем да ја намалиме шетата, односно износот, кој државата го дава за учебници – рече Јаневска.

Посочи дека секоја година се отвара електронски систем, во кој училиштата можат да пријават оштетени учебници, со доказ дека го имаат спроведено законот, односно со уплатници, со којашто наплатиле 10, 40 или 70% од вредноста на учебникот. А како поминуваат годините сумата за оштетениот на учебникот од првата до петата се намалува за родителите.

Прашана колку пари се потрошени годинава за учебници, министерката Јаневска со одговор дека вкупната сума и за нови и обнова на старите учебници е 11 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

Алијансата за Албанците на Таравари го оспори „Безбеден град“ пред Уставниот суд: „Не бил правичен и не важел еднакво за сите“!

Крилото на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија што се дел од проектот „Безбеден град“. Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави: „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Безбеден град’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме, за да важи секој закон за сите граѓани, на целата територија на Република Македонија“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците на Таравари

Градоначалникот на Кавадарци Јанчев најави повторно активирање на поранешно „Фени“

„Компанијата Голден игл’ – поранешно ‘Фени’, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници. Потоа ќе следи втора фаза со вклучување дополнителни 500 лица.“ – објави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на фејсбук. 

Јаневска: Не е добро да функционираат училишта со по неколку ученици

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците

To top