Македонија

Нема законски пречки за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Во Собранието изгласан пакетот закони потребни за целосно функционирање на „Безбеден град“

 

Без расправа со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ Собранието на вчерашната седница ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“.

По Предлог законот заизменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој се носи со двојно мнозинство, гласаа „за“ и десетте пратениците кои припаѓаат на заедниците коишто не се во мнозинство.

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност претходно денеска ги проследи измените на Законот за полиција и измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“ на понатамошна постапка во Собранието.

Пратениците, претходно во рамки на 76. седница го завршија претресот по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, кој, исто така, е дел од пакетот шест законски измени за ситемот „Безбеден град“ за кој дополнително ќе се гласа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

To top