Македонија

Неофицијално: Ова се млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите

Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат значителни отстапувања во составот во споредба со она што е декларирано на пакувањата, покажуваат неофицијални резултати од лабораториски анализи.

Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат значителни отстапувања во составот во споредба со она што е декларирано на пакувањата, покажуваат неофицијални резултати од лабораториски анализи.

Кај повеќе производи е утврдено намалено количество на млечни масти и протеини, а во еден случај е детектирано и присуство на растителни масти, што е во спротивност со карактерот на чист млечен производ.

Најзначајни отстапувања:

  • Милком (мешан кашкавал): Наместо декларирани 34,5% млечни масти, измерени се 30%.
  • Маврово (мешано сирење): Наместо 24,5%, измерени се 17,5% масти.
  • Сентис АГ (УХТ млеко): 2,85% масти наместо 3,2%, и 3% протеини наместо 3,5%.
  • Сентис АГ (кисела павлака): 14% масти наместо 18%.
  • Ѓорѓиеви (козјо сирење): 16,3% масти наместо 23%, и 14,6% протеини наместо 18,8%.
  • Златиборско ситно сирење (увоз од Србија): Само 1,19% млечна маст наместо декларирани 14,3%.
  • Бела фарм (урда): 5,54% масти наместо 25%.
  • Норд милк (млечна павлака со пиперка): Детектирано присуство на растителни масти.

Анализите покажуваат дека кај некои производители отстапувањата се значителни и системски, што директно ги оштетува потрошувачите и ја нарушува довербата во домашните млечни производи.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top