Македонија

Неприфатливо е ЕУ да се меша во политичкиот систем на Македонија, смета европратеникот Кореја

И португалскиот известувач од сенка за Македонија им го крена притисокот на бугарските европратеници, покрај Вајц

Покрај известувачот за Македонија, Томас Вајц, во денешната дебата во Европскиот парламент за европската иднина на Западниот Балкан страстите во таборот на бугарските европратеници ги зовре и еден од известувачите за Македонија во сенка, Антонио Танжер Кореја.

„Повеќето од овие земји порано беа многу поблиску до ЕУ. Наша е вината, поради тоа што ги напуштивме. Во однос на Република Северна Македонија, се согласувам дека ни е потребна во ЕУ, но нема потреба да се мешаме во нивниот политички систем и во нивната рамка. Тоа оди подалеку од Копенхашките критериуми, што не е прифатливо. Ова не е политика на проширување, туку ‘раздели па владеј’. Ние не се согласуваме со какво било мешање во овие земји“, рече Португалецот, а неговата изјава очигледно беше насочена против вклучувањето на Бугарите во македонскиот устав.

Најнови вести од: Македонија

To top