Македонија

„Непростлива лага“: Ковачев за македонската „позиција на жртва“

Според бугарскиот европратеник, Македонија успешно ги лажела Вашингтон, Брисел, Париз, Берлин

„Загрижено“ што Албанија го отвори претпоследното поглавје од преговорите со Европската унија, а Македонија ниту едно, Бугарското национално радио го праша европратеникот Андреј Ковачев дали има сигнали дека македонската Влада е подготвена да го направи она што е потребно за втора меѓувладина конференција, односно да ги вклучи Бугарите во својот устав.

„Досега не гледам такви напори. Напротив, напорите се во спротивна насока. Се прави сè што е можно за да не се случи тоа, да се промени преговарачката рамка. Секако, дури и нивниот Уставен суд треба да се искористи за да се прогласи за неуставен вториот протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство, кој е дел од преговарачката рамка. Еден вид индиректен обид да се промени нешто што е прифатено од нив и другите 27 земји-членки на Европската унија. Оваа тактика што ја користат постојано на сите нивоа, дека Република Северна Македонија, или претходно Република Македонија, е жртва на своите соседи, дека тие направиле огромен чекор или огромна жртва со промената на своето име од Република Македонија во Република Северна Македонија и сега не сакаат повеќе да прават такви жртви, а Бугарите се обиделе да ги решат своите билатерални проблеми, историски гледано, преку европската интеграција. Ова е непростлива лага, која тие, сепак, многу успешно, за жал, ја ширеа и во Вашингтон, и во Брисел, и во Париз, и во Берлин на различни нивоа, и со Каја Калас, и со Кубилиус, и со Марта Кос, дека се жртва. Оваа позиција на огромна жртва дека тие, малата земја, се неправедно дискриминирани од големите лоши соседи Грција, а сега и Бугарија, за жал, влијае врз емоционалната психа на некои од колегите кои не се доволно добро запознаени“, одговори Ковачев од ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top