Македонија

„Нетпрес“: Ристоска призна дека со Јосифовска од СЈО имале пристап до материјалите од незаконските прислушувања!

„Ленче Ристоска, поранешна обвинителка од корумпираното СЈО, јавно призна во своето вчерашно гостување на ТВ 24 дека со уште една своја тогашна колешка имале пристап до сефовите, каде во тој момент се чувале материјалите од незаконските прислушувања.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Натаму агенцијата истакнува: Во последното издание на емисијата „Анализа“, на Телевизија 24 на Ристоска ѝ беше поставено прашање:  „Дали е точно дека сте биле цело време и постојано во канцеларијата на Коцевски и дека оттаму сте функционирале? Точно ли е дека сте поседувале клучеви од разноразни сефови, каде што се чуваат материјали од прислушкуваните разговори“.

Ристоска одговори дека таа заедно со колешката Елизабета Јосифовска имале пристап до сефовите, каде што во тој момент се чувале незаконските прислушкувани материјали. Таа дополни и дека СЈО било со многу голем интегритет, па тие за уште повеќе да го зголемат, си ги поделиле клучевите и шифрите потребни за пристап до тие сефови.

Еве што кажа точно Ристоска: „„Јас сум задолжена, заедно со колешката Елизабета Јосифовска, да ги чуваме клучевите од сефовите каде се сместени незаконски прислушкуваните материјали, со цел да го зголемиме интегритетот на процесот. Тоа се комплицирани сефови. кои што не може да ги отворите, ако немате паралелно и шифра и клуч, ги поделивмме, кај Елизабета е шифрата, кај мене беше клучот“.

Најнови вести од: Македонија

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

To top