Македонија

Невремето однесе „милиони“ од покривот на болницата во Штип

Првичната проценка на штетата предизвикана од лошото време што го зафати Штип на 21 јули изнесува неколку милиони денари, додека сè уште се чека официјалниот извештај од осигурителната компанија

 

Заменик-директорката на штипската клиничка болница, Билјана Ефтимова, денес изјави дека, покрај извештајот на осигурителот, се очекува и дополнителна проценка, бидејќи по првичната штета, се утврдени и други штети што треба да се санираат.

„Ова се однесува на покривот и третиот кат, каде што се наоѓаат одделот за ортопедија, ортопедската сала, како и одделот за интензивна нега и кома центарот. Овие области се најоштетени, бидејќи остануваат без покрив. Сè уште не ја знаеме точната сума на штетата, но веројатно ќе биде во милиони денари, што несомнено е многу“, рече Ефтимова.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, кој ја посети штипската болница, рече дека состојбата се следи и дека веќе се предвидени средства за реконструкција во буџетот на болницата.

„Министерството ќе го следи процесот и, врз основа на проценката на штетата, ќе одобри потребни средства за работите да се завршат навреме и ортопедијата да се стави во функција што е можно поскоро“, изјави министерот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top