Македонија

Незаконско следење или прислушување е тешко кривично дело и напад врз демократијата, претседателката со став за злоупотребите во тајните служби за време на СДСМ и ДУИ

Гарантира дека како претседател на држава нема да дозволи да се поткопаат темелите на внатрешната и надворешната безбедност на Македонија.

Незаконско следење или прислушување е тешко кривично дело и напад врз демократијата смета претседателката Гордана Сиљановска Давкова која за Слободен Печат го кажува својот став за злоупотребите во тајните служби кои се случиле за време на СДСМ и ДУИ.

Безбедносниот систем не е арена за партиски препукувања ниту за партиски агентури, тоа се строго професионални институции, посебни органи на државната власт каде што апсолутно е забрането политичко или партиско здружување и дејствување. Ова е одговорот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за „Слободен печат“ откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја прозва да реагира за злоупотребите во Агенцијата за разузнавање (АР).

Во врска со аферата за следење на политичари, новинари и бизнисмени претседателката гарантира дека како претседател на држава во ниту еден момент нема да дозволи да се поткопаат темелите на внатрешната и надворешната безбедност на Македонија.

,,Затоа што довербата во безбедносниот систем е темел на секоја држава”, вели Сиљановска за „Слободен печат“.

Таа вели дека како претседателка на државата будно ја следи, како што ја нарекува, „аферата за незаконското прислушување и следење од страна на група вработени во АНБ на личности од опозицијата, премиерот и неговото семејство, други политичари, обвинители, новинари, бизнисмени, во периодот од 2019 година до 2024 година, во дел со предлог за користење на посебни истражни мерки и веројатно со сериозни обвинувања за основано сомневање за тешки кривични дела“.

,,Собраниска комисија за надзор над работата на АНБ и АР врши увид во просториите на овие органи, а за тоа е известено и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ЈОГОКК), коешто веќе отворило предистражна постапка. Она што е важно да се потенцира е дека секое незаконско следење или прислушување претставува тешко кривично дело и напад врз демократијата. Затоа, најважно е институциите и органите на прогонот независно и професионално да ја истераат истрагата до крај. Се работи за многу чувствителна материја – тоа се класифицирани информации и каква било нивна компромитација спротивно на Законот за класифицирани информации би наштетила на текот на истрагата и би предизвикала директно попречување на органите што постапуваат”, вели претседателката.

Сиљановска Давкова повикува на политичка зрелост, на сериозен и професионален пристап на институциите и органите што постапуваат, пред сè, на ЈОГОКК, да си ја завршат својата работа.

,,Само преку институционален пристап и одговор можеме да стигнеме до вистината и до одговорност од сите инволвирани. Никој, ниту во Агенцијата за разузнавање, ниту во Агенцијата за национална безбедност, ниту во кој било друг орган, нема право да ја злоупотребува државата за лични или партиски цели”, додава таа.

Повеќе на Слободен Печат

Најнови вести од: Македонија

Македонија фактор на енергетската стабилност: Намалени акцизи, намален данок, најевтини горива во регионот

Цената на горивата нема да отиде над 100 денари, дизелот останува ист, бензинот поевтин за два денари по литар. И покрај нагорните трендови на светските берзи, македонските граѓани ќе продолжат да плаќа најевтини горива во регионот. Владата и официјално ги намали акцизите, 4 денари за нафтата и 2 денари за бензините. На сила уште најмалку […]

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик

Oд 1 септември ќе биде пуштена во сообраќај првата линија на „Градски воз“

Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 септември пуштена за сообраќај, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

To top