Македонија

Ни Вардар не може да го испере срамот (ВИДЕО)

Реката преплавена со илјадници пластични шишиња

Снимка од илјадници пластични шишиња кои пловат по реката Вардар, споделена на Јутјуб и на Фејсбук предизвика осуда во јавноста згрозена од  целосното деградирање на животната средина.

Стотици или илјадници пластични шишиња фрлени во реката Вардар, ситуацијата е забележана во близина на Копанце, пишува Тетово инфо на социјалните мрежи.

Ова ѓубриште ќе дојде до Скопје, каде Вардар, исто така е со натрупано ѓубре, кое и патките едвај го избегнуваат.

Деновиве може да очекуваме само дополнително влошување на состојбата затоа што природата со надојдените дождови и води сама се чисти од несовесноста на загадувачите.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top