Тој нагласи дека последната точка на поврзување со Албанија останува граничната точка на Ќафасан, каде во моментов се работи на проширување и модернизација на инфраструктурата.
„Во моментов се работи на проширување и подобрување на граничната точка. Заедно со Светска банка очекуваме за околу еден месец да биде завршена првата фаза, по што ќе следи тендерот за втората фаза“, изјави Николлоски во „Топ тема“.
Тој нагласи дека точката за поврзување со Албанија останува иста, а дилемата е патот по кој ќе се стигне до граничната точка. Според него, потребно е автопатското поврзување да биде логично поврзано со клучната инфраструктура во регионот.
„Каков автопат е тој што не е поврзан со аеродромот и градот Струга, немаме два аеродрома во државата, туку еден во тој регион и треба да има соодветна врска“, рече Николоски.