Македонија

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Раст од 14,6% бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти, вели вицепремиерот

Градежништвото повторно со двоцифрен раст, објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на социјалнте мрежи..

Како што вели во објавата, има силна динамика во изградба на капиталните проекти.

„Раст од 14,6% бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6% во Градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти. Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал од бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат), истакна тој.

Николоски информира дека Македонија е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст.

„Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 % што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме. Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти“, објави вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Парламентот ќе гласа за двајца нови заменик-министри во Владата

Адмир Шабани, поранешен портпарол на ДИК, е предложен за заменик-министер за одбрана, а Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на ВРЕДИ, е номиниран за заменик министер за образование

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

To top