Македонија Бизнис

Николоски: Македонското градежништво ќе расте

Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти. Само за споредба, сега има не повеќе од 49 проценти учество, а на некои проекти само до 10 проценти работат наши компании. Со ова очекувам македонското градежништво повторно да стане […]

Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти. Само за споредба, сега има не повеќе од 49 проценти учество, а на некои проекти само до 10 проценти работат наши компании. Со ова очекувам македонското градежништво повторно да стане конкуретно, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој најави дека во перидот што следи ќе се разговара со бизнис коморите и ќе се поканат сите домашни компании да се мобилизираат во изградбата на државата.

„Ова ќе е најголем простор за локална компонента воопшто виден во Македонија. Премиерот веќе најави дека ние за скоро време ќе поразговараме со стопанските комори, со бизнисот, да ги презентираме овие проекти и да ги поканиме да се вклучат затоа што треба сите да се ангажираат и да се мобилизираат и да видиме колкав е апсорбниот капацитет на нашите компании, но и нашите компании ќе растат.

Една од работите која што ни е договорена, покрај знаење ќе се трансферираат и добра кон нашиите комапнии во смисла ќе се стават на располагање машини до кои што нашите компании не можат да дојдат дури и да имаат пари. Ќе се стават на располагање инженери кои што може да постават нови системи на работа до кој што нашите компании исто така не можат да дојдат, така што очекувам ова што го правиме со Велика Британија да го трансферира и бизнисот.

Моите очекувања се дека после еден до два инвестициски циклуси кои се обично во пет години, значи после 5 до 10 години македонското градежништво повторно да е меѓународно конкурентно и наместо да гледаме странски фирми да доаѓаат да работат во Македонија, да гледаме македонски фирми кои што одат да работат надвор“-истакна вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top