Македонија

Николоски не падна на провокациите од бугарските новинари

Она што вие и вашите колеги сакавте да го направите политички проблем, за среќа не успеавте и затоа сме тука денес

„И минатата и оваа година разговаравме за инженерски, а не за политички проблеми на проектот. Она што вие и вашите колеги сакавте да го направите политички проблем, за среќа не успеавте и затоа сме тука денес. Мислам дека доволно одговорив“.

Ова е одговорот на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на репортер од бугарската агенција БГНЕС, кој со провокативно прашање се обиде да го потсети на негова ланска изјава на ТВ Алфа, каде што, наводно, како што пишуваат бугарските медиуми, ги нарекол Бугарите „нецивилизирани“ и „бедни“.

На дополнителното прашање „дали ќе се извините за оваа изјава?“, Николоски го сврте грбот.

Што изјави Николоски минатата година во септември на ТВ Алфа за Бугарија?

Неговата изјава беше во контекст на скандалот на средбата меѓу претседателите на двете земји во Софија од 13 септември, кога неодостасуваше македонското знаме. Неколку дена подоцна, Николовски за ТВ Алфа изјави дека Бугарија се покажала како „нецивилизиран домаќин“.

– Минимум пристојност е да ставите знаме на државата од која што доаѓа претседателот. И минимум човек треба да е нормален за тоа да го сработи. Најмалку треба да се очекува од претседател на држава да оди таму и да гледа каде има, а каде нема знамиња. Тоа не е работа на претседателката, туку на домаќинот да покаже пристојност. Ама затоа што домаќинот очигледно ниту е цивилизиран, ниту е пристоен, ниту има каква било почит, затоа е работава ваква каква што е. Помизерни од нив се само нашиве домашниве слуги, кои прифатија дека имаме заедничка историја и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, а сега зборуваат за патриотизам. За оваа изјава очекувам да добијам протесна нота од бугарското МНР – изјави тогаш министерот Николоски

Неговата изјава тогаш беше извлечена од контекст, а претседателот на партијата ГЕРБ во Бугарија, Бојко Борисов, дури побара оставка од Николоски поради изјавата.

Денешната провокација, пак, од репортерот од БГНЕС беше изнесена на потпишување на Договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу двете земји.

Во присуство на повеќе претставници од ЕУ и американската амбасадорка во Македонија, на граничниот премин Ѓуешево, македонскиот вицепремиер и неговиот бугарски колега ги договорија обврските за тунелот од Коридор 8 кој треба да ги поврзе двете земји.

 

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: Не е добро да функционираат училишта со по неколку ученици

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците

Иван Стоилковиќ до Илир Хасани: 20 години Албанци го водат министерството, ама без правична застапеност

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остро одговори на прашањата на пратеникот Илир Хасани (Европски фронт) во врска со состојбата во Министерството за односи меѓу заедниците, кое според Стоилковиќ има 2.250 вработени, од кои скоро 97% се Албанци.

To top