Македонија

Николоски: Новиот состав на ИК на ВМРО ДПМНЕ ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори

По синоќешниот избор на новиот ИК на партијата Николоски се заблагодари за довербата, што му ја укажа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија! Нов состав на Извршниот комитет на партијата ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори. Благодарам на довербата и честа претседателе Мицкоски – соработка и пријателство кои носат напорна и деноноќна работа за промени и подобар живот во Македонија.“  –  наведува Николоски во објавата.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top