Македонија

Николоски: Струмица ќе ја поврземе со два експресни пата

Едниот до Скопје и вториот од Коридор 10, преку Струмица до Коридор Струма во Бугарија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес даде изјава од Струмица. Николоски се осврна на двете најголеми инфраструктурни инвестиции, од кои едната е изградба на експресен пат, а другата е поврзувања на двата паневропски коридори. Тој исто така кажа дека по изборот на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Петар Јанков, општина Струмица ќе добие специјален финансиски пакет, дополнително од она што Владата го префрла во повиците за поддршка на локалните самоуправи. Според него, промените допрва доаѓаат во Струмица.

„Денеска сме со активности во посета на општина Струмица. Веќе сме во финалето на изборната кампања, остануваат уште два дена. Се обидовме на искомуницираме со што повеќе луѓе, да допреме до што повеќе домови, да ја презентираме нашата програма и нашата визија која што значи економски препород на економијата, но исто така и бројни бројни инвестиции, кои што за жал не можеа да с реализираат во изминатиов период“, вели Николоски.

Николоски ги спомена двете најголеми инфраструктурни инвестиции, од кои едната е изградба на експресен пат, со што ќе се овозможи поврзување на општина Струмица со главниот град во земјава, додека втората е поврзување на двата паневропски коридори.

„Тука се секако двете најкрупни инфраструктурни инвестиции, првата е изградба на експресен пат, кој што треба да оди од Радовиш до Струмица, како Струмица целосно би била поврзана со главниот град Скопје, или со експресен пат или со автопат. Втората е поврзување на двата паневропски коридори, Коридорот 10 во Македонија и Коридорот Струма во Бугарија, преку изградба на експресен пат кој што ќе оди од Смоквица, под Валандовско брдо, ќе излегува кај Кутлеш обиколница на Струмица, Ново Село на граница со Бугарија“, рече Николоски и додаде:

„А, од другата страна, треба Бугарија да го заврши делот кој што оди од граница преку Петрич до поврзување со автопатот што ќе значи спој на двата автопати и едно огромна можност за целиот регион, имајќи предвид дека голем дел од транспортот е се насочи токму преку овој спој на двата коридори“.

Николоски се осврна и на општинските проекти, за кои кажа дека соработката помеѓу централната и локалната власт ќе биде на највисоко ниво, а и најави специјален финансиски пакет за проекти во општина Струмица, кое како што вели тој, ќе биде дополнително од редовните средства кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги префрла во повиците минатата и оваа година.

„Тука се секако и општинските проекти, промените во државата што се случија минатата година. Во Струмица треба да се случат оваа година, после 1 година и 3 месеци да има конечно промени и во Струмица, и да конечно ВМРО-ДПМНЕ добие шанса да ја води општината и да го води Советот како би можеле да покажеме што можеме и како можеме. Соработката помеѓу централната и локалната власт ќе биде на највисоко ниво, и сакам еве да најавам, денес од тука од Струмица, дека спремаме специјален финансиски пакет за проекти во општина Струмица, кое што ќе е дополнително или екстра од она што се редовни средства, кои што Владата ги префрла во повиците кои што се случија минатата и оваа година. Така што, сите спремни, готови проекти, кои градоначалникот по изборот ќе може да ги понуди, ние сме спремни да ги финансираме, затоа што веќе имаме специјален пакет“, заклучи Николоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Поплавени куќи во Кичево – состојбата алармантна, семејства итно евакуирани

Кичевчани, барем оние кои се загрозени, бараат да бидат сместени во социјални станови кои се обезбедени во градот. Меѓутоа градоначалникот вели има 30 станови, ни никој во минатото не презел мерки да се обезбеди струја и вода во нив. Планот му е вели да им се најде трајно живеалиште, наместо повторно да бидат вратени во куќите, до следната поплава.

Самсунг (Samsung) одбројува до Милано Кортина 2026 со претставување на новиот ростер на тимот “Samsung Galaxy“

Нов тим составен од глобални спортисти предводници на патот кон претстојните Олимписки и Параолимписки Зимски Игри ќе го отелотвори верувањето на брендот дека „Отвореното секогаш победува

Грипот коси – пикот допрва доаѓа, што препорачуваат лекарите?!

Новогодишните прослави, како и собирите за време на празниците си го направија своето, односно го раширија грипот. Периодов ординациите на матичните лекари се полни со болни. Бројот на пациенти со симптоми карактеристични на грип почнал да се зголемува во последната недела од декември. Кај нас до сега има 1.725 нови случаи. ИЈЗ предупредува дека пикот допрва доаѓа и даде неколку препораки за заштита на граѓаните.

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево, поради електронско внесување податоци за патници без ЕУ-пасоши

Поради електронско внесување на податоци за патници, кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментно е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково. Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар.

To top