Македонија

Нови 8 кандидати за градоначалници објави ВМРО-ДПМНЕ – Кој ќе биде на Скопје?!

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска утврди уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Жарко Ристески, кандидат за градоначалник за Македонски Брод Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник за Могила Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за Пробиштип Марјан Пеев, кандидат за градоначалник за Богданци Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за Демир Капија Ѓорѓи Крстевски, кандидат за градоначалник за Росоман Стевче Стевановски, кандидат […]

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска утврди уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Жарко Ристески, кандидат за градоначалник за Македонски Брод

Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник за Могила

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за Пробиштип

Марјан Пеев, кандидат за градоначалник за Богданци

Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за Демир Капија

Ѓорѓи Крстевски, кандидат за градоначалник за Росоман

Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник за Новаци

Златко Силјановски, кандидат за градоначалник за Дебарца

Одлуката за кандидат за градоначалник на Град Скопје, партијата ќе ја соопшти кон средината на идниот месец.

– Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски Брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца. Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните.

Оние кои што се актуелни градоначалници сметаме дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба, а оние кои што добиваат шанса за прв пат, искуството кое што го имале претходно во своите општини и поддршката која што ќе ја имаат од своите колеги, и од нас како поголема политичка партија, цениме дека ќе им биде ветар во едра за спроведување на добра програма и реализација на добри проекти корисни за нивните општини – изјави вечерва Антонио Милошоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски е определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на партијата за локалните избори. Тој ќе ги води кампањите на партијата за претстојните избори на есен.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Најнови вести

To top