Македонија

Нови четири пријави за семејно насилство за 24 часа

Нови четири пријави за семејно насилство регистрира МВР, а лишени од слобода биле три лица

Нови четири пријави за семејно насилство регистрира МВР, а лишени од слобода биле три лица.

На 03.05.2026 во 01:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.05.2026 во 18:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 50-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата 55-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека И.Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,29 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 02.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Р.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал и упатил закани и и го оштетил мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 03.05.2026 во 00:20 часот во СВР Скопје, 26-годишна девојка од скопско пријави дека на 01.05.2026 околу 11:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходно недоразбирање со нејзината 54-годишна мајка, физички ја нападнала мајка си. Подоцна, според пријавеното, пријавителката била физички нападната од нејзиниот 24-годишен брат и нивната мајка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

To top