Македонија

Нови инвестиции од Турција, Германија и Грција: Премиерот најави отворање на нови работни места

Инвестициите се во областите на автомобилската индустрија (турска инвестиција), високите технологии (германска) и фармацијата (грчка), со локации во индустриската зона во Тетово и во скопските индустриски зони.

vlada.mk

Премиерот Христијан Мицкоски денес пред пратениците во Собранието најави три нови странски инвестиции во вредност од 110 до 120 милиони евра, кои ќе отворат повеќе од 1.500 нови работни места.

Инвестициите се во областите на автомобилската индустрија (турска инвестиција), високите технологии (германска) и фармацијата (грчка), со локации во индустриската зона во Тетово и во скопските индустриски зони.

„Веќе сме во фаза на потврда и конфирмација на три многу важни странски инвестиции. Едната е во делот на автомобилската индустрија – турска, едната е во делот на индустријата на високи технологии – германска и едната е во делот на фармацијата – грчка“ – рече Мицкоски.

Тој додаде дека очекуваат и втора фаза на овие инвестиции, како и дека некои постојни инвеститори ги прошируваат капацитетите, додека со десет други се водат преговори.

„Еден жесток инвестициски циклус што нас ни е битен поради намалување на невработеноста“ – нагласи премиерот.

Владата води силен инвестициски циклус за намалување на невработеноста и подобрување на животниот стандард. Според Државниот завод за статистика, во октомври 2025 година бројот на вработени надминал 705.000, а невработените се намалени на околу 91.000.

Во 2026 година, со нов закон и активни мерки, Владата очекува да постигне едноцифрена стапка на невработеност. За активните мерки за вработување во Буџетот за 2026 година се предвидени рекордни 2,4 милијарди денари (околу 40 милиони евра).

Мицкоски ги повика иселениците да се вратат во земјата, бидејќи ќе има зголемена побарувачка за квалификуван кадар.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација.

МВР на Србија: Двајцата киднапери под закана со нож и пиштол му изнудувале пари на Кајмакоски, успеале да избегаат, а нему му е укажана лекарска помош

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски во Белград.

Спречен обид на малолетници од Скопје да украдат пари од црковни прилози во манастирот „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка

На 07.02.2026 во 10:48 часот, одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка во СВР Тетово пријави дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози.

Првата македонска аналогна астронаутка Мартина Димоска од Кичево: цели да отвори опсерваторија и лабораторија за вселенски науки, во Западна Македонија!

Живеење во изолирани бази, ограничена комуникација, строго дефинирани мисиски правила и постојано тестирање на човечките и технолошките граници – ова не е научно-фантастичен филм, туку секојдневието на аналогните астронаути, професионалци кои ги симулираат вселенските мисии на Земјата. Една од нив е и Мартина Димоска, Македонка од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот. Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до Месечината, Марс и другите планетарни тела.

ВМРО ДПМНЕ: Уплашениот Заев, главата на криминалот и лидер на СДС во сенка, се јави да го брани незаконскиот бизнис со дрогата! Но ќе одговара, сосе Филипче!

„Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица. Но, одговорност и правда ќе има!“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести

To top