Македонија

Нови Сад ќе добие споменик „Мајка Македонија“

Покраинската влада e покровител на обележјето во чест на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

Владата на српската Автономна покраина Војводина ќе биде покровител на изградбата на споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад како траен симбол на македонската заедница.

Во знак на благодарност, претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, ѝ подари гипсена скулптура на претседателката на Покраинската влада, Маја Гојковиќ, на која мајка држи дете во раката.
Споменикот се очекува да биде поставен до крајот на годинава, во која се одбележуваат осум децении од доселувањето на Македонците во Војводина.
„Македонскиот национален совет ја поздравува институционалната поддршка и соработката, уверени дека споменикот ќе придонесе за зачувување на историската меморија, културниот идентитет и видливоста на македонската заедница во Војводина“, соопшти Советот со седиште во Панчево.
Според последниот попис од 2022 година, во Србија живеат 14.767 Македонци, од кои 7.021 во Војводина и 4.293 во Белград.
На Македонците им се загарантирани малцинските права во Србија, а македонскиот јазик е официјален во Јабука, Панчево, Дужине и Пландиште.

Најнови вести од: Македонија

Трипуновски: Еве колку беа задоволни земјоделците во време на СДСМ (ВИДЕО)

Му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“ пишува Трипуновски во објавата на Фејсбук.

To top