Македонија

Новиот владин кабинет ќе биде избран најдоцна до средината на јули

Предлог-составот на реконструираната Влада се очекува да биде испратен до Собранието до петок, а изборот на новиот владин состав треба да се случи најдоцна до средината на јули

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека ги примил предлозите за нови министри од коалициските партнери ВЛЕН и од ЗНАМ и дека за него тие предлози се сосема прифатливи.

„Да, ги имам предлозите и за новите министри од ВРЕДИ и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам тие да ги кажат. За мене тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа во новиот состав на Владата“, изјави Мицкоски .

Предлог-составот на реконструираната Влада се очекува да биде испратен до Собранието до петок, а изборот на новиот владин состав треба да се случи најдоцна до средината на јули.

Премиерот посочи дека ВРЕДИ во реконструираната Влада ќе ги преземе министерствата за правда, за односи меѓу заедниците и за култура и туризам.

Шасивари, Ферати и Сулејмани се новите министри во Владата

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Од утре, 13 октомври 2026 година, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“

To top