Македонија

Обид за убиство на пазар во Битола

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола поведе истражна постапка против напаѓачот за кривично дело – убиство.

 

Осомничен 42-годишен битолчанец вчера во “Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице.
Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство, информираа од ЈО.

Иако двајца сведоци го совладале, осомничениот се дал во бегство, но набрзо потоа е приведен.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола поведе истражна постапка против напаѓачотза кривично дело – убиство.

За него е побаран притвор бидејќи постојат особени околности дека доколку биде ставен на слобода ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека би можел да го доврши обиденото кривично дело.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top