Македонија

Обидувајќи се да го ,,удри” Мицкоски СДСМ го погоди најблискиот сојузник на Трамп

Бихаќка не гледа дека пријателот на Мицкоски Орбан е најблискиот сојузник на американскиот претседател во Европа

Во своето најново соопштение обидувајќи се да му наштети на премиерот Христијан Мицкоски СДСМ удри по најблискиот сојузник на Трамп.

Во соопштението СДСМ меѓу другото го обвинува Мицкоски дека е близок со унгарскиот премиер Виктор Орбан кој имал релации со екс претседателот на Венецуела Мадуро.

 

Во исто време СДСМ не гледа дека пријателот на Мицкоски Орбан е најблискиот сојузник на американскиот претседател во Европа.

 

Трамп повеќе пати го прима Орбан во Белата куќа а пред неколку месеци  му даде апсолутна поддршка на Орбан за изборите што ќе се случат оваа година.

Претседателот Доналд Трамп го поддржа унгарскиот премиер изразувајќи увереност дека ќе се покаже „уште подобро“ на парламентарните избори во 2026 година отколку во 2022 година, кога Трамп исто така го поддржа.

 

„Го сакаме Виктор… Фантастичен си“, рече Трамп за време на церемонијата на потпишување на мировниот договор со кој се стави крај на војната во Газа во Шарм ел Шеик, Египет, во понеделник. „Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас сум единствениот што е важен. Ти си фантастичен“, продолжи претседателот.

Трамп додаде дека „ние сме зад тебе 100 проценти“, истакнувајќи дека Унгарија ќе ги одржи своите избори во 2026 година и дека Орбан „ќе се покаже одлично, дури и подобро“ отколку во 2022 година – последниот пат кога Трамп го поддржа.

 

Целото соопштение на СДСМ:

 

Големите пријатели, Орбан, Вучиќ, Мицкоски, Мадуро❗️

 

САД спроведоа дејствија поради криминални активности со дрога во Венецуела каде цел беше Николас Мадуро.

 

Пред оваа акција на САД кои беа политичарите и единствените земји во Европа кои го поддржуваа и развиваа соработка со Мадуро? Тоа се блиските пријатели на Мицкоски, да не речеме негови деловни партнери: Орбан во Унгарија и Вучиќ во Србија.

 

Вучиќ најавуваше блиска соработка со Маудуро пред само неколку месеци а Унгарија со Орбан на чело беше негов поддржувач.

 

Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Освен што сите политики им се исти, освен што Мицкоски го спроведува истото сценарио на неговиот „стрико“ Вучиќ тука се и бизнис релациите кои СДСМ ги откри преку скандалот со Алта банка.

 

Во неговото последно интервју Мицкоски зборува и за „блискиот пријател Виктор Орбан“, кого ЕУ го обвинува за корупција по скандалот со имотот што се води на името на неговиот татко.

 

Што е заедничко за сите овие десничарски политичари и големи пријатели?

 

⚠️Тоа што се отворија сериозни теми за криминал и корупција.

 

Во САД се усвои Закон за Западен Балкан потпишан од претседателот, Доналд Трамп, со посебен акцент на криминалот и корупцијата на Балканот.

 

Во законот се пропишува дека претседателот на САД воведува санкции кон секое странско лице за кое ќе се утврди дека е вклучено или се обидело да се вклучи во корупција поврзана со Западен Балкан, најдоцна во рок од 90 дена од денот на стапување во сила на Законот.

 

Санкции се предвидени и за поединци и политики „кои ги подриваат демократските процеси или институции“ и за тешки кршења на човековите права.

 

После сите овие случувања со големите пријатели прашањето е спие ли мирно Христијан Мицкоски❓

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

To top