Македонија

Обвинение за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј

ОЈО Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството за несреќата која ја предизвикал пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.

Јавниот обвинител ги обезбедил сите докази и со соодветни вештачења ги утврдил причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино.

Осомничениот управувал автомобил “Хјундаи тусон”, но не се придржувал на прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Тој непрописно свртел со возилото без да се увери дека тоа може да го направи без да ги загрози другите учесници во сообраќајот. Во тој момент во возилото удрил мотор “Јијинг” без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал 16-годишниот Матеј Димовски. Возачот на моторот не поседувал возачка дозвола, а тој и неговата сопатничка не носеле заштитни кациги. Како резултат на повредите здобиени при несреќата, 16-годишникот починал, додека неговата 13-годишна сопатничка била потешко повредена, стои во обвинителниот акт.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top