Македонија

Обвинителка открива: Мистериозен советник на министер нарачувал обвиненија (ВИДЕО)

Советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност

Екс обвинителка од Специјалното јавно обвинителство открива дека мистериозен советник на министер нарачувал обвиненија.

Непознат маж кој шетал низ СЈО давал сугестии против кои луѓе да има обвиненија. Се претставувал како советник на екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, открива
Лејла Кадриу, екс-обвинител во СЈО, избркана од таму од страна на Катица Јанева бидејќи „не била тимски играч“.

Идентитетот на мистериозниот советник чие име неофицијално почнува на буквата Д. засега не е познато.

Досега ниту еден од соработниците на Катица Јанева не го пријавил овој човек иако според законот никој надвор од СЈО не смеел да има пристап во објектот.

Посебен проблем е што советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност.

Поврзани вести

Крајно незгодни директни сведоштва за однесувањето на неколку обвинители од екс СЈО

Кадриу: Јанкуловска и другите осудени за „мерцедесот“ беа „земени на врат“

Целата емисија

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top