Македонија

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка

Вели дека јавнообвинителската функција секогаш ја поимала како можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска денеска си поднесе одставка од обвинителката позиција, а како што може да се забележи од нејзината изјава, поради голема разочараност од состојбата во која се наоѓа Обвинителството.

Во нејзината изјава таа ги образложува причините за ваквиот чекор:

„Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како позив и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи.

Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели — такви кои ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Низ годините бевте сведоци на многу од тие случувања: влијание врз сведоци, вршење притисоци, менување на законски решенија, чување предмети во фиока и застарување на предмети. Сето тоа не ме спречи да опстојам во моите заложби, па јавно ги критикував состојбите во правосудството без оглед на општествено-политичкиот контекст и без калкулации за последиците по мојата кариера“, вели Ристоска.

Сите тие напори сакав да ги заокружам од раководна позиција преку мојата кандидатура за државен јавен обвинител, со јасна визија, акумулирано знаење и изградена отпорност спрема влијанија и притисоци. Верував дека е дојдено времето за институција чија водилка ќе биде јавниот интерес, борбата против корупцијата и криминалот и заштитата на правата на граѓаните.

Оваа недела Советот на јавни обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза. Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети кои таргетираат висока корупција и криминал.

Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е обвинителство кое работи надвор од политички влијанија, ги штити своите професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција.

Бидејќи не гледам простор за работа во согласност со тие принципи, денес поднесов оставка од функцијата јавен обвинител. Искрена благодарност на сите кои ја препознаа и поддржаа мојата посветеност и борба, вели Ристоска.

Ристовска останува без предметите „Талир“ 1 и 2

Најнови вести од: Македонија

Ќе се примат 300 нови професионални војници во АРМ – Повик до младите да работат во служба на татковината!

Министерството за одбрана на Република Македонија денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

Контроверзен бизнисмен на Заев му дал 300.000 евра за инженеринг на референдумот

Македонската јавност за постоењето на Миодраг Давидовиќ – Дака дозна во времето на власта на Зоран Заев во 2020 година, кога на социјалните мрежи излегоа аудиоснимки за тоа како токму Заев зел пари за да се види со него и да направат некаков бизнис

Професорот по Римско право не знае да чита анкети – Реакција на МКД.мк и Маркет Вижн за лидерот на Левица

Господинот би требало да знае дека на избори не излегуваат оние што рекле нема да гласаат, а кога се проектираат изборни резултати од анкета се отстрануваат и оние кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниту една партија, стои во реакцијата

Нема да има застои во постапките против полицајците за пожарот во Кочани, уверува обвинителката Андонова

Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи

To top