Македонија

Од 1 јули забрана за движење во шуми

Мерката ќе важи најмалку до крајот на август а причина е фактот што причина за шумските пожари е човечкиот фактор. Поради ова, секој кој ќе има потреба во периодот на забрана да движи во шума ќе треба да добие дозвола од Национални шуми, од каде пак понатаму неговите активности ќе бидат следени. „Значи ако некој […]

Мерката ќе важи најмалку до крајот на август а причина е фактот што причина за шумските пожари е човечкиот фактор.

Поради ова, секој кој ќе има потреба во периодот на забрана да движи во шума ќе треба да добие дозвола од Национални шуми, од каде пак понатаму неговите активности ќе бидат следени.

„Значи ако некој добил дозвола да се движи на Скопска Црна Гора во одреден регион и таму имаме некоја нус појава – дали пожар, дали ќе биде некоја кражба, што и да е, ние знаеме дека тоа лице добило дозвола и претпоставуваме дека е тоа “вели Кире Михаилов, заменик генерален директор на „Национални шуми“ за Алсат.

Санкционирањето на пироманите пак е во делот на работењето на полицијата, а според закон, оној којшто ќе предизвика шумски пожар од големи размери, ќе се казни со затворска казна од најмалку осум години.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top