Македонија

Од Бугарија шверцувале луксузни автомобили, ОЈО покрена истрага

Дел од учесниците во оваа шема, како што наведуваат од Обвинителството, се претходно обвинети, а на дел веќе им се изречени пресуди

Скопското Основно јавно обвинителство повело постапка против три лица осомничени дека изминативе години од Бугарија во земјава успеале да прошверцуваат неколку луксузни возила и со лажни документи да извадат сообраќајни дозволи за нив.

Акцијата,спред Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи (МВР), била реализирана вчера. Инаку, а станува збор за осомничени кои се дел од претходно разоткриена шема за шверц на луксузни автомобили од странство преку фалсификување на службени и други исправи.

Дел од учесниците во оваа шема, како што наведуваат од Обвинителството, се претходно обвинети, а на дел веќе им се изречени пресуди.

За неколкумина од нив, пак, како што додаваат истражните органи на земјава, кривичниот прогон е препуштен на Република Бугарија, бидејќи станува збор за државјани на нашиот источен сосед.

Се работи за разоткриена шема за криумчарење луксузни автомобили од Бугарија, меѓу кои Тојота ЦХР вредна 22.500 евра, Лексус НХ300Х, вреден 15.000 евра и Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок, вреден 17.340 евра, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

За тројцата осомничени обвинител до судот предложил мерка притвор.

Едниот од осомничените е надвор од државата, со што е предложено притворот да започне откако лицето ќе биде лишено од слобода.

„Дел од учесниците во оваа шема се претходно обвинети, против дел се веќе изречени пресуди, а за дел кривичниот прогон е препуштен на Република Бугарија, бидејќи станува збор за тамошни државјани“.

ОЈО информира дека со вчерашната акција реализирана под координација на јавен обвинител, биле обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека првиот новоосомничен, во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, поттикнал и организирал криумчарење на автомобил Тојота ЦХР, вреден 22.500 евра, кој бил предмет на меѓународна потрага.

„Притоа искористил лажни таблички и лажни исправи кои му биле изготвени од лице кое сега е веќе осудено, па го регистрирал и извадил сообраќајна дозвола за возилото“, се вели во соопштението.

Втората осомничена, се вели понатаму во текстот, во август 2021 година поттикнала двајца бугарски државјани да извршат криумчарење на Лексус НХ300Х, вреден 15.000 евра кој исто така бил предмет на меѓународна потрага.

„Автомобилот го презела осомничената со фиктивен договор за купопродажба, а потоа со лажни бугарски таблички и лажни исправи извадил сообраќајна дозвола во земјава“.

Третиот осомничен, соопшти ОЈО, е управител на правно лице, кој за потребите на фирмата, на сличен начин, избегнувајќи ја царинската контрола, во државава од Бугарија внел автомобил Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок, вреден 17.340 евра, со преправен број на шасија, а потоа со целосно лажни документи извадил сообраќајна дозвола за возилото.

Најнови вести од: Македонија

Собранието на Македонија со дигитален асистент за лицата со попреченост

Собранието на Република Македонија денес објави дека ја модернизирало својата официјална веб-страница со интегрирање на напредни технологии за пристапност, со цел да се овозможи полесен и еднаков пристап до парламентарните информации за лицата со попреченост.

Јанкуловски: Пензионерите веќе го почувствуваа зголемувањето на пензиите, кои ќе растат и натаму

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис 21 на ТВ 21 изјави дека пензионерите веќе го почувствувале зголемувањето на пензиите со оваа влада, а најави и дека во наредниот период ќе следуваат дополнителни зголемувања, согласно со законските и фискалните можности.

Вилма Русковска го пријавила Боки 13 дека ја вознемирувал на телефон, тој пак ја обвини за цензура

Дел од настанот е документиран и на видео-снимка која се прошири на социјалните мрежи, на која се слушаат навредливи и вознемирувачки изјави упатени кон Русковска. Таа, како што е наведено, го предупредила Јовановски дека ќе се обрати во полиција доколку не престане со повиците, но контактите продолжиле и по предупредувањето.

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение, за да се спречи амнестија на криминал во повеќе од 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд од февруари оваа година

To top