Македонија

Од денеска до петок „изгор“ со температури до +41 степен

Африканскиот бран се очекува од денеска до петок да го достигне свјот „пик“ со можни температури кои ќе се двиќат во интервалот од 32 до 40/41 степен во Повардарието. Времето ќе биде сончево, стабилно и суво со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје и околината […]

Африканскиот бран се очекува од денеска до петок да го достигне свјот „пик“ со можни температури кои ќе се двиќат во интервалот од 32 до 40/41 степен во Повардарието.

Времето ќе биде сончево, стабилно и суво со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје и околината максимумот на температурата за време на максимумот на овој топол бран од Африка ќе достигне до околу 40/41 степен.

УВ индексот пак ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9.

Повеќе на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

Автопатот Кичево-Охрид целосно готов на почетокот од 2027 година

Работите на најсложениот дел од трасата Кичево-Охрид се во завршна фаза вели министерот за транспорт Александар Николовски. На потегот Извор-Врбјани, две од четирите галерии се целосно завршени, а на останатите интензивно се работи. Во тунелите веќе се поставува современа опрема за сигнализација, рано предупредување од пожари и вентилација, како и контролен центар.​

Владата го решава проблемот на превозниците со Шенген-правилата

Вицепремиерот и министер за транспорт рече оти тоа се прави и дека веќе се постигнати договори со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе се работи и на договори со други држави од Шенген-зоната.

(Фото): Ноќна дезинсекција на критични точки во Карпош

Стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Скопје и Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината.

To top