Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -1 до 5 степени, а максималните од 10 до 15 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со можност за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, при што минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на циклонска активност, од денеска до петок низ земјава ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување, врнежите на повисоките места ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат утре и задутре, при што локално може да наврнат и над 50 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец.
Во деновите од викендот времето ќе се стабилизира, со пораст на дневните температури.